Гвардиола: Доста е, ги убивате фудбалерите

од Vladimir Zorba

Пеп Гвардиола уште еднаш ги нападна челниците на европскиот и светскиот фудбал поради големиот број натпревари што ги играат фудбалерите во сезоната.

„Играчите се луѓе, а не машини“, се пожали тој по победата над Лестер со 2-0 на прашањето зошто толку често ротира играчи.

„Знам дека некои од нив се вознемирени затоа што сакаат да играат секој ден, но тоа не е можно. Ако не го ротирате тимот, тогаш нема да можете да учествувате на сите натпреварувања, нема да се најдете во позицијата во која сега се наоѓаме, но им треба пауза. УЕФА и ФИФА ги убиваат играчите, тоа е премногу. Од почетокот на сезоната, не сме имале пауза во средината на неделата, ниту еднаш“, рече Шпанецот, чија екипа чекори кон титулата во Англија.

„Нема играч што може да го издржи ова не само физички, туку и ментално. Невозможно е. Кога ќе го ротирам составот и ќе победам – ​​јас сум генијалец, браво … Кога губиме по ротацијата, луѓето ме прашуваат зошто ротирав. Не е доследно“, додаде тој.

Слични содржини