Гвардиола и Стерлинг: Остануваме во Сити

од Nikola Popovski

Двегодишната суспензија од ЛШ се заканува сериозно да го повреди Манчестер Сити. Веќе има шпекулации дека шампионскиот тим може да се распадне, а има многу заинтересирани за нивните играчи. Првенствено за менаџерот Пеп Гвардиола и  англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг.

Гвардиола веќе се смета за нов тренер на Јувентус, додека Реал Мадрид наводно е подготвен сериозно да го сруши рекордот за највисок трансфер и да го ангажира Стерлинг за околу 200 милиони евра.

„Јас сум играч на Манчестер Сити и само размислувам за предизвиците што претстојат“, рече Стерлинг.

Самиот Гвардиола, од друга страна, најави дека би можел да си замине доколку клубот испадне од Лигата на шампионите оваа сезона. Сепак, според Скај Спортс, тренерот на „Граѓаните“ им кажал на играчите дека останува посветен на клубот и нема намера да оди.

Слични содржини