Гвардиола: Не дојдовме во Дортмунд да браниме резултат

од Vladimir Zorba

Манчестер Сити утре на „Сигнал Идуна Парк“ ќе ја брани предноста од 2:1 од првото четвртфинале на натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

„Граѓаните“ славеа минатиот вторник на „Етихад“ со голот на Фил Фоден (Фил) во 90-тата минута.

Пеп Гвардиола во најавата за натпреварот рече дека неговиот тим не доаѓа во Дортмунд да го брани резултатот од првиот натпревар.

– Задоволство е што сум повторно тука, во четвртфиналето. Со нетрпение го очекуваме натпреварот. Ништо не е загарантирано. Остваривме добар резултат на првиот натпревар, но повторно ќе играме за да победиме – изјави Гвардиола.

– Ние мора да се обидеме да го спроведеме нашиот план. Не е важно што се случи на првиот натпревар. Нашата идеја е да одиме таму, да дадеме се од себе и да покажеме дека не дојдовме да го браниме резултатот. Ние сакаме да го наметнеме нашиот стил на игра за да победиме во мечот – додаде тренерот на Сити.

Слични содржини