Гвардиола: Не можам да му гарантирам на Стерлинг дека ќе игра

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не може да му гарантира на Рахим Стерлинг дека ќе игра.

Причината беше изјавата на крилото дека е подготвен да ги напушти редовите на шампионите во Премиер лигата.

Стерлинг претходно изјави дека е заинтересиран да ја напушти Англија и да се пресели во странски клуб.

„Ако има можност да одам некаде каде што ќе имам повеќе минути, би бил отворен за тоа. Фудбалот е најважната работа за мене, еден од предизвиците што си го поставив на почетокот на кариерата е играњето во странство“, рече Стерлинг …

Запрашан на денешната прес -конференција да ја коментира оваа изјава, Гвардиола рече: „Не можам да им гарантирам на играчите и тие го знаат тоа“.

„Треба да зборуваат на теренот, тоа е најдоброто место. Она што го сакам од Рахим и сите играчи е да бидат среќни. Мораат да бидат среќни што се тука, треба да се радуваат што се во овој клуб. Ако тоа не е случај, тие се слободни да ја донесат одлуката што е најдобра за нив, за нивното семејство и за сите луѓе што ги сакаат“, рече Гвардиола.

Стерлинг оваа сезона не успеа да се избори за место во тимот на Пеп Гвардиола, откако одигра само два натпревари во Премиер лигата. Тој постигна 14 гола минатата сезона, а 30 гола на 51 натпревар сезоната пред неа.

Конкуренти на Стерлинг за место во тимот се Фил Фоден, Габриел Жесус, Ријад Марез, Феран Торес и Џек Грилиш.

Шансите на Стерлинг да добие повеќе минути во следниот период се зголемија, бидејќи Торес се врати од паузата од репрезентацијата со повреда на десната нога.

Гвардиола изјави дека Торес ќе биде надвор од терените до три месеци.

Слични содржини