Гвардиола: Не сум загрижен за Халанд

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека не е загрижен поради тоа што Ерлинг Халанд не се запиша во листата на стрелците на неговото деби. Првиот натпревар на Норвежанецот за „граѓаните“ беше против Ливерпул за „Комјунити Шилд“. „Црвените“ победија со 3:1, а Халанд имаше две големи промашувања.

„Имаше шанси – две или три во првото полувреме и една на крајот. Се бореше многу, добро се движеше, беше на позиции. Добро е за него да ја види реалноста во нова земја и ново првенство. Не постигна гол, но тој има неверојатни квалитети и ќе почне да постигнува голови“, изјави Гвардиола.

„Не сум загрижен за него. Би сакал да победев и тој да дадеше гол, но реалноста е дека имаме 11 месеци пред нас кои ќе бидат толку зафатени. Со Светското првенство ќе играме на секои три дена и тој ќе ни помогне“, додаде тој.

Запрашан за промашувањето на Халанд на крајот од натпреварот, Пеп рече: „Тој е силен. Следниот пат ќе ја стави топката во мрежата. Тоа е фудбалот. Имаше и поништен гол бидејќи топката излезе од игра. Кога постигна гол во САД сите зборуваа за тоа како е импресивно“.

Слични содржини