Гвардиола откажа прес, позитивен е на корона?

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја откажа прес-конференцијата.

Тој требаше да се појави пред новинарите во 13.30 часот, но неговиот ПЦР тест бил „неодреден“, јавуваат англиските новинари.

Шпанецот уште еднаш ќе биде тестиран, а позитивен резултат би го испратил во десетдневна изолација.

Пеп присуствуваше на збогувањето на Серхио Агуеро пред неколку дена во Барселона, а многу е можно тој да се заразил во таа прилика.

Сити игра против Њукасл во недела и тој меч сега е под знак прашалник.

Слични содржини