Гвардиола побара уште пари за нови играчи во Манчестер Сити

од Vladimir Zorba

Трошоците на Манчестер Сити за време на 2-годишниот престој на Хосеп Гвардиола можат да стигнат 600 милиони фунти ова лето, откако шпанскиот тренер планира да привлече фудбалери на проблематичните, според него, три позиции. Причина за новите трансфери е неуспехот во Лигата на Шампионите, пишува Дејли Телеграф во денешното издание.

Плановите на Гвардиола вклучуваат дефанзивен играч од средниот ред, напаѓач и креативен играч од средниот ред. Цели се Јулијан Вајгел од Борусија Дортмунд, Фред од Шахтјор Доњецк и еден меѓу Жоржињо од Наполи и Жан-Мишел Сери од Ница. Опција е и Тома Лемар, кој може да се покаже и најскапиот трансфер во текот на летото со бараните од Монако 90 милиони.

Еден Азар е сметан за посакувана опција за нападот на Сити, но Белгиецот најверојатно ќе остане во Челзи или ќе заигра за Реал Мадрид.

Слични содржини