Гвардиола призна: На Сити му треба централен дефанзивец

од desk2

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека на тимот му е потребен уште еден играч за позицијата централен дефанзивец.

Во моментов „граѓаните“ имаат само тројца фудбалери на овој пост – Џон Стоунс, Ајмерик Лапорт и Николас Отаменди, а заменик на Венсан Компани, кој си замина по крајот на минатата сезона, се уште не е пронајден.

– Венсан беше многу важен дел од нашиот тим. Кога беше здрав, тој секогаш беше подготвен за да биде стартер. Тој влијаеше не само на нашата игра, но и на целата атмосфера во соблекувалната. Не знам дали е можно човек како него да биде заменет, но имаме неколку кандидати и сакаме да привлечеме некој од нив. Дури и да не најдеме таков играч, сепак имаме тројца доволно искусни играчи во центарот на одбраната, како и две момчиња од младинските формации, кои можат да ни помогнат, рече Гвардиола.

Слични содржини