Гвардиола: Сега е време да се направи чекор и да се одржи концентрацијата

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола остана задоволен од победата со 5:0 над Свонси во натпревар од 35-тиот круг на англиската Премиер лига.

„Кога излеговме од автобусот, почувствував атмосфера на среќа околу стадионот. Најважното нешто е добриот фудбал. Треба да продолжиме да напредуваме. Ако мислиме дека сè е во ред, дека веќе сме шампиони, дека сме си ја завршиле работата, тогаш нема да можеме да играме како што игравме против Свонси“.

„Во текот на неделата разговаравме со играчите за тоа. Ова позитивно ќе влијае на следната сезона. Интензивно притискавме кога топката беше кај Свонси. Кога топката беше кај нас, мораше да ја движиме и ја движевме, игравме додека не се појавуваше можност за последен пас“.

„Свонси под водство на Карвахал покажа добри резултати во натпреварите со Арсенал и Ливерпул. Затоа беше многу важно да се фокусираме на добрата игра и резултат. Што се однесува до Менди, тој пропуштил повеќе од шест месеци. Неговите сметки на социјалните мрежи се активни. Сега е време да направиме чекор и да ја зачуваме концентрација, бидејќи Бенжамен се врати, а ние се надеваме дека ќе го видиме најдобриот Менди наредната сезона“, рече Гвардиола.

Слични содржини