Гвардиола со саркастичен коментар по победата од 7:0 над Лидс

од Vladimir Zorba

Пеп Гвардиола саркастично ја коментираше убедливата победа на неговиот Манчестер Сити над Лидс Јунајтед од 7:0.

Тоа е втора најубедлива победа во историјата на Сити, по 8:0 над Ватфорд, исто така под водство на Шпанецот.

Гвардиола му го нанесе и најтешкиот првенствен пораз во историјата на клубот на Лидс и постави рекорд во Премиер лигата со 500 гола на 207 натпревари, кој досега го држеше Јирген Клоп со Ливерпул со 234 натпревари.

Конечно, Пеп на Сити ја забележа својата 33-та лигашка победа во една календарска година, израмнувајќи го рекордот на Ливерпул од 1982 година.

„Се е вистина, но забораваме нешто импресивно дека успеавме. Примивме само девет гола на 17 првенствени натпревари. Тоа докажува дека не треба да играте дефанзивно за да бидете успешни во одбраната. Играчите кои ги имам се донесени да бидат креативни, а моето е само е да им кажам да трчаат. Се останато е благодарение на клубот кој ми купува квалитетни играчи“, изјави Гвардиола.

Сити е лидер во Премиер лигата со 41 бод од 17 натпревари, има четири повеќе од Ливерпул, а пет повеќе од Челси, кој има натпревар помалку.

Слични содржини