Гвардиола за Артета: Сакаме да остане, но одлуката дали ќе си замине е негова

од Vladimir Zorba

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше по победата од 3:0 над Арсенал. Пеп ја начна и темата за иднината на Микел Артета, потенцирајќи дека Сити сака да го задржи во составот како дел од неговиот штаб.

Шпанецот рече за својот сонародник дека е важен за клубот, но одлуката дали ќе си замине е негова.

„Микел Артета е многу важен за нас и неговата иднина е тука. Неколку пати сум одговорил на ова прашање, а моето мислење и на клубот е дека Микел е важен. Што и да се случи, ќе се случи. Ние сакаме да остане со нас. Разговаравме со него, но ова е негова лична одлука. Ако има желба, ќе разговараме, но не сакам да го ставам во непријатна позиција“, потенцира Гвардиола.

Слични содржини