Гвардиола: Зошто да не ме отпуштат ако испаднеме од Реал Мадрид

од Nikola Popovski

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не би бил изненаден доколку биде отпуштен од работа, ако неговиот тим не успеa да го победи Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Испаѓањето од Лигата на шампионите би бил дополнителен удар за граѓаните, кои практично веќе се збогуваа со својата одбрана на титулата во Англија, бидејќи се 22 бода зад Ливерпул по 25 кола во Премиер лигата.

“Сонувам за дуели со Реал и ќе уживам во нив. Никој не би бил посреќен од мене да победиме. Но, ако не победиме, зошто сопственикот или спортскиот директор да не дојдат и не ми кажат: Ова не е доволно. Ние ја сакаме Лигата на шампионите. Вие сте опуштени. Би го прифатил тоа смирено, важи, добро, благодарам, ми беше задоволство. Имаме два многу важни натпревари“, рече Гвардиола, кој ја освои Лигата на шампионите двапати со Барселона, но не успеа со Баерн Минхен.

Англичаните во првиот натпревар, на 26 февруари гостуваат во Мадрид, а реваншот е на 16 март на „Етихад“.

Слични содржини