Гвинет Палтроу со несовесен совет до своите обожаватели

од desk4

Актерката се најде на мета на жестоки критики откако на нејзиниот блог, каде споделува совети за убавина и здравје, напиша текст во кој ги советува читателите да ослабнат што повеќе, односно да бидат најслаби што можат.

Според научниците овој напис е крајно неодговорен и испраќа опасна порака, односно се советуваат луѓето дека можат да ослабат екстремно, без последици, а воедно се промовира дека анорексијата и нездраво слабиот изглед се добри.

Гвинет на ова реагираше објаснувајќи дека мислела на тоа луѓето дека треба да ослабнат до најниската тежина која е природно соодветна според нивната градба и висина.
Со ова не се сложува универзитетскиот доктор Џил Јео кој вели детка советот да се стаса до најниска тежина е збунувачки и неодговорен, односно им предлага на луѓето дека можат да бидат „што е можно послаби“ без да умрат. Тој истакнува дека ваков совет даден од популарна личност како Палтроу може да има опасно влијание и последици за младите девојки кои ја следат.

 

 

Слични содржини