Хајди Клум (49) и ќерката Лени (18) повторно позираа заедно во долна облека

од Vladimir Zorba

Германската манекенка Хајди Клум (49) и нејзината ќерка Лени (18) снимија нова заедничка кампања за италијанскиот бренд за долна облека Intimissimi за претстојните празници, набргу откако критичарите првата кампања ја нарекоа „морничава“.

Хајди позираше во црвена чипкана долна облека потпрена на својата ќерка Лени, која носи сатенска ноќница.

Иако првата кампања предизвика бројни коментари и дискусии, Лени неодамна одговори на критиките.

-Искрено, не бев премногу загриженa со реакциите. Се на се задоволna сум. И поминав неверојатен ден со мајка ми – изјавила Лени која тргнала по стапките на мајка си, а веќе неколку пати кажала колку е среќна поради сите совети кои и ги дава.

– Среќнa сум поради се што ми дава. Би можелa бескрајно да набројувам. Секогаш ми вели дека морам да се забавувам, дека морам да бидам забавна, енергична и да се чувствувам возбудена поради тоа што го правам – објасни Лени.

Популарните медиуми и списанија беа меѓу многуте критичари.

People пишуваше дека „мајка и ќерка продолжуваат да доминираат во модната индустрија“, а најдалеку отиде „Дејли Мејл“, чија новинарка напиша дека ја смета рекламата во која Хајди и Лени скокаат по долна облека, полни со самодоверба и блискост – инцестуозна.

– Тоа не би го нарекле баш мајчинска љубов. Како уште еден доказ дека модниот свет нема граници, Хајди Клум позирала во серија на „софт-кор“ слики со нејзината ќерка тинејџерка Лени, бакнувајќи ја во едниот кадар, а во друг се триеја градник со градник – објави „Дејли Мејл“.

Еден од најгласните критичари беше радио и ТВ водителот Хауард Стерн, кој ја прогласи кампањата за долна облека мајка-ќерка за несоодветна во неговата емисија.

– Гледав и си помислив: „Ова е толку…ох премногу. Толку е несоодветно. Но, не можете да престанете да гледате. Сето тоа изгледа како жешка фантазија на некој дечко. Тие се бакнуваат и се држат, скокаат, рече водителот со кој се согласија и корисниците на социјалните мрежи.

„Не би позирала во секси долна облека со мајка ми“, „Чудно е да ја сексуализираш ќерка ти во моментот кога таа ќе порасне“, напишаа критичарите.

Лени е Ќерката на Хајди која ја доби во врска со Флавио Бријаторе, а Сил ја посвои Лени кога се ожени со Хајди и беше наведен како нејзин татко во нејзините официјални документи.

Лени тргна по стапките на нејзината мајка, привлекувајќи внимание на шоуто на „Долче и Габана“ оваа година, откако го имаше своето деби на Модната недела во Берлин.

Таа ја сними и првата насловна страница за списанието Glamour Germany, а не крие дека нејзината мајка е нејзин најголем поддржувач.

Слични содржини