Хабиб го поштедил својот противник поради неговите родители (видео)

од Nikola Popovski

Поранешниот шампион во УФЦ, Даниел Кормие открил како Хабиб Нурмагомедов ја сменил својата тактика среде борбата со Џастин Гејџ, затоа што не сакал сериозно да го повреди пред неговите родители кои го следеле натпреварот во живо.

Хабиб ја одбрани титулата во лесна категорија во саботата, откако го победи Американецот Гејџ. После борбата, Дегистанрцот објави дека ја завршува кариерата. Така, Хабиб е непоразен во УФЦ со резултат 29:0 и ќе остане запаметен како еден од најголемите борци досега.

Во неговата последна борба, Хабиб, покрај спортот, ја покажа и својата човечка величина.

„Зборував со Хабиб. Го гледаше интервјуто во текот на неделата и Џастин кажа дека никогаш не би ја прекинал тепачката. Кога тргна да го заврши, сакаше да го направи тоа со омилениот потег на татко му. Сепак, не го направи зашто можеше да му ја скрши раката на Гејџи. Не сакаше да го повреди ривалот пред неговите родители. Тоа е лудо! Во тие моменти размислувате за такви работи…“, вели Кормие.

 

Слични содржини