Хабиб Нурмагомедов отвора синџир ресторани

од Vladimir Zorba

Легендарниот UFC борец, Хабиб Нурмагомедов лансираше сопствен ланец ресторани за брза храна наречен „M-eat by Khabib“.

Првиот ресторан е отворен во облакодерот City of Capitals во елитниот дел на Москва, а планот е да се отворат ресторани на уште 14 локации во Москва до крајот на мај, како и уште 150 до крајот на 2023 година во Казахстан, Узбекистан, Киргистан, Турција и Обединетите Арапски Емирати.

Во рестораните на Хабиб ќе се служи месо од различни видови, а ќе се служи во пецива со разни прилози, а освен тоа, компанијата „М-еат“ има намера да отвори фабрика во Русија за производство на состојки потребни на синџирот ресторани, па во во иднина овие производи може да се најдат во намирници.

Нема сомнение дека рестораните на Хабиб ќе станат популарни со оглед на неговата огромна светска популарност, особено во земјите од поранешниот Советски Сојуз.

Слични содржини