Хабиб Нурмагомедов застана во одбрана на Палестинците

од Stefanija Kuzmanovska

Хабиб Нурмагомедов застана во одбрана на Палестинците

Хабиб Нурмагомедов, познат УФЦ-борец, ги коментираше настаните во Израел и Палестина, каде имаше големи конфликти.

Ерусалим е сцена на големи немири, во Појасот Газа е напнато, а Нурмагомедов се моли за Палестинците.

„Не треба да бидете муслиман за да се залагате за Газа, треба само да бидете луѓе“, напиша Хабиб.

Палестинците протестираат низ Израел, а рано утрово беа лансирани десетина ракети од Газа, а Израел одговори со воздушни напади.

Израелската армија објави дека шест израелски цивили се ранети во ракетните напади на палестинските сили утрово, според АП.

Во Газа, синоќа во израелски напади беа убиени 22 лица, од кои девет деца, а над 700 Палестинци беа повредени во судирите со израелските сили во Ерусалим и преку Западниот брег во последните 24 часа, а 500 од нив беа примени во болници, пренесува АП.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека терористичките организации во Газа ја преминале „црвената линија“ и извршиле ракетен напад врз предградијата на Ерусалим.

Ескалацијата се должи и на немирите во близина на џамијата Ал Акса.

Слични содржини