Хабл сними ѕвезда 32 пати поголема од Сонцето

од desk2

 

Американската вселенска агенција НАСА неколку дена порано одбележа 28 години од лансирањето во вселената на телескопот Хабл, со објавување фотографија од ѕвезда наречена Харшел 36, која се наоѓа 4.000 светлосни години од Земјата, пренесе агенцијата АП.

Сликата која потсетува на живописен акварел, претставува исклучително сјајца ѕвезда во експлозија на ултравиолетово зрачење. Харшел 36 е ѕвезда што е 32 пати поголема од Сонцето.

Вселенскиот телескоп Хабл е лансиран на 24 април 1990 година. Телескопот од тогаш фотографираше 43.500 небески тела.

Телескопот, проект кој настана со соработка на американската и европската вселенска агенција, се наоѓа во Земјината орбита и собира научни информации.

Слични содржини