Хаг: Покрената е истрага за злосторствата во Палестина

од Nikola Popovski

Обвинителката на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Фату Бенсуда денес изјави дека покренале истрага против наводните злосторства на палестинска територија. Израел размислува како да им помогне на стотици свои граѓани кои се под истрага на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, кој не е признат од официјален Ерусалим.

Во изјавата Бенсуда вели дека истрагата ќе се спроведе „независно, одделно и објективно, без страв“.

Во 2019 година, таа рекла дека постои „основана причина“ да се започне истрага за воените злосторства на израелската армија во Појасот Газа, како и за активностите во израелските населби на окупираниот Западен брег.

Палестинските власти ја поздравија одлуката на Меѓународниот кривичен суд да започне истрага, велејќи дека тоа ќе доведе до правда и одговорност, објави Ројтерс.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц во вторникот изјави дека Израел размислува како да им помогне на стотици свои граѓани кои се под истрага на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, што не е признаен од официјален Ерусалим.

„Никогаш не се плашев да ги пробијам непријателските редови и ќе продолжам да го правам истото секогаш кога ќе морам“, рекол Ганц и додал дека тој самиот може да биде на списокот за апсења.

Слични содржини