Хајди Клум го менува презимето

од desk4

Познатата манекенка реши и легално да го смени своето име.

Четириесетишестгодишната моделка и ТВ личност денеска пополни документи со кои бара да го смени презимето од Клум во Кулиц, односно да го земе презимето од сопругот.
Во документите како причина за ваквото барање го наведува бракот со Том Кулиц. Хајди и Том се венчаа на романтична церемонија летово во Италија. Тие пред една недела се појавија заедно на премиерата од „Злобната самовила 2“ во Лос Анџелес.

Слични содржини