Хајди Клум ќе прави втора свадба на јахта

од Vladimir Zorba

Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц ќе имаат уште една венчавка на островот Капри следниот месец. 46-годишниот модел тајно се омажи за нејзиниот партнер во февруари, но планира да организира свадбена церемонија на јахта следниот месец, на која ќе присуствуваат нивните пријатели, објавија светските агенции.

Двојката испрати повеќе од 100 покани до своите роднини и пријатели за да го споделат големиот настан со нив.

Хајди Клум и Том Каулиц се венчаа една година по нивниот прв состанок, чуван во тајност од нивните фанови.

Претходно, Хајди беше во брак со пејачот Сил и стилистот Рик Пипино.

Слични содржини