Хајди Клум позираше целосно гола: „Денес беше жешко“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Како изгледаат супермоделите по пензионирањето? Ако станува збор за Хајди Клум, ќе добиете скоро едногласен одговор – сензационално.

За тоа е свесна и оваа убава Германка, која сега има 48 години, при што роди дури четири деца (најстарата ќерка Лена сега има 17 години). Па затоа не и беше проблем на својот Инстаграм да покаже како изгледа нејзиното викенд попладне на оваа горештина.

Поточно, тоа го фотографираше нејзиниот сопруг, 31-годишниот гитарист на Токио Хотел, Том Каулиц. Поранешниот ангел на Викторија Сикрет, како што покажува фотографијата, се сонча во задниот двор на нејзината куќа без облека, но ги покрила „стратешките“ делови со пешкир и со вешто прилагодена позиција на стапалото и раката, па сликата не навистина открива што било друго освен нејзината сензационална линија иако Клум е целосно гола.

„Денес беше жешко“, напиша Клум на својот Инстаграм заедно со црно-белата фотографија.

Слични содржини