Хајли Бибер откри со каков чуден трик повторно го освоила Џастин

Еден од најпознатите брачни парови денес, можеби не би бил во брак, па дури ниту во врска, Хајли да немала еден скриен талент.

Имено, откако имале кратка романса, Џастин и Хајли воопшто не разговарале до пред две години кога тој конечно ѝ се јавил по нејзиното гостување во емисијата The Tonight Show.

Манекенката сега повторно гостувала во емисијата која ја води Џими Фелон и открила дека токму тој играл важна улога во нејзиното смирување со Џастин.

„Последниот пат кога беше во емисијата направи нешто неверојатно. Сите зборуваа за тоа како отвори шише пиво со своите заби“, се присети Фелон и ја запрашал манекенката дали и овој пат подготвила некаков трик.

„Постои уште една интересна приказна тука. Утрото по емисијата ми заѕвони телефоот и личноста од другата страна ми рече: ‘Еј, како си? Те видов синоќа кај Џими Фелон. Изгледаше многу добро. Супер беше трикот кој го изведе, не знаев дека тоа може да го направиш. Беше многу кул“, раскажала манекенката.

Манеканката откри дека денес е омажена за таа личност, односно дека станува збор за Џастин Бибер.

Фелон беше видно изненаден од оваа информација, а Хајли ја искористи приликата и му заблагодари за тоа што тој донекаде е заслужен за тоа што таа денес е госпоѓа Бибер.

Слични содржини