Хајндл “брифиран, консултиран и координиран” утре доаѓа во Скопје

од desk3

Хајндл “брифиран, консултиран и координиран” утре доаѓа во Скопје
Специјалниот германски пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл утре пристигнува во Скопје, еден ден порано од претходно најавеното.

Деновиве Хајндл беше на консултациите во Берлин, Вашингтон, Хаг и Атина.

timthumb

Се очекува тој да има средби со претставниците на партиите потписнички на договорот од Пржино. Според дипломатски извори . тој на преговарачката  на маса ќе постави 3 барања 3 :поништување на аболицијата, одлагање на изборите, а Уставниот суд да се прогласи за ненадлежен за работата на специјалното јавно обвителство.

Хајндл доаѓа како специјален пратеник на Германија во Македонија, доаѓа од функцијата германски амбасадор во Виена.

Според биографијата на Јоханес Хајндл ,тој е роден во 1956 година во Минхен. Бил новинар, дипломат, а од јули 2015 година и амбасадор на Германија во Австрија. Претходно, тој бил шеф на политичкиот оддел и претставник во Комитетот за политика и безбедност (ПБК) на Постојаната мисија на Германија во Европската Унија.

Избори ДА- НЕ !? На полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници

Тој бил вработен во германската амбасадата во Југославија, потоа преку размена на претставници бил во американскиот Стејт департмент, а потоа и заменик-шеф на специјалните сили Западен Балкан при германското МНР.

Слични содржини