Хајнер: Милер е симбол на Баерн, како што Октоберфест е на Минхен

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер изрази задоволство од продолжување на договорот со напаѓачот на тимот, Томас Милер.

– Продолжувањето на договорот со Милер е одлична вест, јас сум многу среќен за ова. Милер е херој, симбол на Баерн. Тој целата своја кариера ја помина овде. Во последните месеци, под водство на Ханс-Дитер Флик, повторно цвета. Милер е извонреден играч. Тој е ист симбол за Баерн како што Октоберфест е за Минхен, изјави Хајнер.

Пред два дена, Баерн го продолжи договорот со 30-годишниот Милер до крајот на јуни 2023 година.

Слични содржини