Хајнкeс: Реал не е фаворит против Баерн

од Vladimir Zorba

Тренерот на Баерн, Јуп Хајнкес изјави дека ќе одлучува утре дали ќе го користи Давид Алаба и Корентен Толисо за првиот натпревар против Реал (Мадрид) од полуфиналето на Лигата на шампионите. Двајцата од нив неодамна се опоравија од повреди. 72-годишниот стратег е оптимист за судирот, но сепак според него нема изразит фаворит.

„За Давид Алаба и Корентен Толисо ќе решаваме утре наутро. Тимовите во оваа фаза на турнирот треба да се справат со повредите. Артуро Видал е важен за тимот, но треба да го надминеме неговото отсуство. Натпреварот ќе биде уживање за фудбалскиот навивач, бидејќи има исклучително класа играчи и во двата состави. Нема изразит фаворит, иако имам добро претчуство за нашиот тим“, коментира Хајнкес на пресконференцијата пред утрешната средба.

„По традиција не може да има фаворит во полуфиналето во Лигата на Шампионите. Некои ќе речат дека Реал (Мадрид) победи на последните две изданија на турнирот и има предност. Ние дефинитивно сме во добра позиција. ја освоивме титулата во Германија и сме во финалето од Купот на земјата. Имаме извонредна сезона и сакаме место во финалето на Лигата на Шампионите“, додаде тренерот, кој освои три титули со Баерн во 2013 година.

Слични содржини