Хајредини: Дали мораше министер да биде Албанец, кога се решава еден наметнат национален спор од Бугарија?

од Берта Китинска

Прашање е дали мораше и дали беше неопходно и најсоодветно, токму во време кога се решава еден од Бугарија наметнат чисто национален спор, министер за надворешни работи да биде еден Албанец и тоа по струка лекар, пишува на својот Фејсбук профил Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии,

-При тоа го имам предвид и со устав загарантираното право на секој граѓанин да биде носител на било која функција во државата.П.с.Освен тоа, време е Бујар Османи да кажува за што со Бугарите, заедно со Бучковски, разговарале и преговарале, кога цело време тврди дека Бугарија не ги спори ни името ни македонскиот јазик и дека за тоа никогаш не се разговарало, пишува Хајредини.

Слични содржини