Хајредини: Мерките за штедење на ЕСМ се популистички

од Vladimir Zorba

За поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини мерките за штедење кои ги објави АД ЕСМ се популистички и смешни. Средствата кои на ваков начин ќе се заштедат според него се неспоредливо мали во однос на огромниот износ кој треба да се издвои за покривање на енергетската криза.

Како спорна ја оценува мерката која предвидува принуден одмор за вработените кои според соопштението на АД ЕСМ  не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период.

„Како логично се наметнува прашањето зошто тогаш овие работници биле примени, и што всушност тие работеле?“, прашува Хајредини.

Целата ситуација е според него  е многу посложена, барем во случајот во нашата држава.

Основен проблем е фактот дека Македонија е енергетски зависна во текот на многу долг временски период и таа ситуација не може да се надмине за кус период“, дециден е Хајредини за „Локално“.

Оттука, она што сега се случува во енергетскиот сектор, вели тој, не е само последица на глобалната криза.

Како недозволив го посочува односот на сите влади досега, кои во целиот изминат 30 годишен период на самостојност на државата  не превзеле ништо на ова поле, со што дозволиле целиот енергетски систем да се потпира на дотраените термоцентрали.

К.В.С.

Слични содржини