Хајредини: За шест дена ќе го решиме спорот со Бугарија, а седмиот ќе одмориме рече господ Груби

од Берта Китинска

За шест дена ќе го решиме спорот со Бугарија, а седмиот ќе одмориме рече господ Груби, пишува во својот коментар  поранешниот министер и економски аналитичар Џевдет Хајредини во врска со изјавата на вицепремиерот Артан Груби кој синоќа изјави дека за шест дена може да го решат спорот со Бугарија.

Груби рече дека не се потребани шест месеци тук само шест дена за да се реши спорот со Бугарија.

–Ги видовте ставовите на бугарската влада за планот со шест месеци. Ние сепак мислиме дека не ни се потребни шест месеци, туку само шест дена за да седнеме и да ги решиме прашањата и да почнеме преговори со Унијата, рече Груби во гостувањето на ТВ Канал 5.

Слични содржини