Хакери го нападнаа Министерството за финансии на САД

од Vladimir Zorba

„Софистицирана хакерска група поддржана од странска влада“ успешно се инфилтрираше во системот на Министерството за финансии на САД, Националната администрација за телекомуникации и информации, федералната агенција задолжена за политика за Интернет и телекомуникации, објави Ројтерс повикувајќи се на извор запознат со случајот.

Нападот се случи откако пред четири дена, „Fire Eye“, една од најголемите компании за кибер-безбедност во САД, соопшти дека бил хакиран, веројатно од страна на влада, и дека биле украдени арсенал хакерски алатки користени за тестирање на одбраната на своите клиенти.

Хакерските алатки слични на оние користени во нападот на „Fire Eye“ беа искористени и за обид за провалување во други владини агенции, велат извори за кои се вели дека се запознати со случајот. Еден извор рече дека хакерството е доволно сериозно за да се оправда итен состанок на Советот за национална безбедност во саботата.

„Владата на Соединетите држави е свесна за овие извештаи и ние ги преземаме сите неопходни чекори за да ги идентификуваме и решиме сите можни прашања поврзани со оваа состојба“, рече Џон Улиот, портпарол на Советот за национална безбедност.

На 8 декември компанијата „Fire Eye“ изрази сомнеж дека странска влада учествувала во хакирање на нивните системи.

„Неодамна бевме нападнати од високо софистицирана хакерска група, чијашто дисциплина, оперативна безбедност и техники нè наведуваат да веруваме дека станува збор за напад спонзориран од држава“, се вели во соопштението на компанијата.

Не е веднаш јасно дали хакерските напади врз американските институции и нападите на „Fire Eye“ се поврзани на кој било начин.

Слични содржини