Хакери го нападнаа самиот процес на попишување, информира Симовски

од Nikola Popovski

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вечерва информираше дека нивната веб-страница е под постојан напад на хакери.

-Меѓутоа таму нема податоци. Веројатно е целта да корисниците не бидат во можност да ги следат нашите информации. Во два случаи имавме обид за хакерски напад на самиот процес на пописот, но и двата се успешно одбиени. Не е предизвикана никаква штета. Немам сознанија од каде се, но знам дека денес може да се направи таков обид од било каде, а да не знаете од каде доаѓаат нападите, објасни Симовски за емисијата „24 анализа“.

Тој додаде има групации кои што сакаат да го минираат пописот и јавно го манифестираат и не сфаќа зошто тоа е така.

Слични содржини