Хакери ја нападнале Фејсбук-страницата на УКИМ

од Nikola Popovski

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје информира дека е извршен хакерски напад на нивната Фејсбук-страница и дека во моментов е контролирана од непознати лица.

Според УКИМ, преземени се сите активности во согласност со Статутот на институцијата, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук.

„Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ“, велат од Универзитетот.

Како што може да се забележи во објавите кои се споделуваат на Фејсбук-страницата, се споделуваат кинески видеа.

Слични содржини