Хакери нападнале американски државни служби

од Stefanija Kuzmanovska

Хакери, за кои се верува дека работат за Русија, имале пристап до внатрешната е-пошта на американскиот Секретаријат за финансии и агенциите одговорни за регулирање на употребата на Интернет и телекомуникациите.

Поради сериозноста на сајбер нападот, во Белата куќа се одржа седница на Советот за национална безбедност, дознава „Ројтерс“ од добро информиран, неименуван извор.

„Владата на Соединетите држави е запознаена со извештаите и ги презема сите потребни чекори за да ги идентификува и поправи сите можни проблеми поврзани со овој напад“, рече Џон Улио, портпарол на Советот за национална безбедност, пренесува Танјуг.

Во американската разузнавачка заедница постои загриженост дека хакерите пробале сличен упад во базите на други агенции на американската влада, тоа беше потврдено од четири неименувани извори, без да прецизираат за кои агенции станува збор.

„Побаравме од Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктура и Федералното биро за истраги (ФБИ) да започнат истраги. Во овој момент, не сме во можност да обезбедиме повеќе информации“, се вели во соопштението на Министерството за трговија на САД.

Слични содржини