Хакери нападнале две македонски банки – била повикана помош од странски форензичари

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски синоќа во „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека пред година и пол неколку институции во државата, меѓу кои и две банки, биле цел на хакерски напади, и дека имало истрага со форензичари од внатре и надвор. Било откриено од каде доаѓаат нападите, но не било откриено дали тие групи биле спонзорирани од држави.

„Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми банки беа цел на хакерски напади. Мојот кабинет не го сметам во таа категорија, но неколку пати ни е соборуван сајтот.Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари и од странство. Заклучија дека нападот е од надвор, и истрагата води до некои групи за кои не можеме да заклучиме дека се државно спонзорирани, но најверојатно имаат реалиција со некои држави, рече Пендаровски.

Додаде дека се вклучиле и четворица форензичари од западните држави кои рекле дека се тие групите…

„И големите земји немааат шанси со сигурност да утврдат кои им се мешаат во нивните избори како што е Пентагон на пример. Има индиции дека хакери се мешале и во изборите во Франција, па дури и во Брегзит“, изјави Пендаровски.

Слични содржини