Системот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург е под хакерски напади, поради што е одложено обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Како што беше наведено, уништен е системот за пријавување на учесниците на пленарната седница, пренесе „Спутник“.

„Синоќа почнаа масовните хакерски напади врз системот за акредитација на Економскиот форум во Санкт Петербург. Дадовме отпор вчера и ноќеска“, рече Песков.

Тој изјави дека денеска поради засилени хакерски напади престанала да работи базата на учесници на форумот и системот за пропусници со беџови, поради што сега има проблем со добивање беџови и потврдување пристап до пленарната седница, додавајќи дека специјалисти работат на тоа да го решат проблемот.

Се очекува Владимир Путин да ѝ се обрати на јавноста во 14 часот.

Слични содржини