Хакерски напад врз Ватсап

од Vlatko K

Хакери успеале во апликацијата за размена на пораки Ватсап да инсталираат софтвер што
надгледувал одредени корисници, јави Би-Би-Си.

London, UK – July 19, 2018: The buttons of Whatsapp, Messenger, Telegram, Pinterest Twitter, Facetime and other chat apps on the screen of an iPhone.

Ватсап, во сопственост на Фејсбук, соопшти дека хакерскиот напад бил насочен само кон „одбран
број” корисници и дека во петокт го решиле проблемот и ја оневозможиле понатамошната
неовластена контрола.

Тие побараа од клиентите, што се околу 1,5 милијарди долари, да ги ажурираат апликациите како
дополнителна мерка на претпазливост.

Нападот бил откриен претходно овој месец, а штетниот софтвер бил изработен од израелската
безбедносна компанија НСО Група.

Во изјава за Би-Би-Си од Ватсап велат дека нивниот тим за безбедност, веднаш штом го открил
хакерскиот напад ги известил релевантните здруженија за човекови права, безбедносните агенции
и американското Министерство за правда.

Слични содржини