Халанд е во Англија, се очекува официјален договор со Сити

од Vladimir Zorba

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд веќе е на англиско тло и во секој момент се очекува и официјално да го комплетира трансферот од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити.

На социјалните мрежи вчера се појавија видеа од неговото заминување, а англиските фотографи не ја пропуштија можноста да го фотографираат при неговото пристигнување во Манчестер и на градските улици.

Халандија мора да ги помине лекарските прегледи, а потоа и официјално да потпише договор со шампионот во Премиер лигата.

Слични содржини