Халанд е „Златното момче“ за 2020 година

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Браут Халанд е „Златно момче“ за 2020 година.

Цврст, брз, силен на топка, со разорен удар и одличен во играта со глава – Халанд едноставно има сè и нема сомнеж дека ќе биде новата голема sвезда на светскиот фудбал.

Оваа година тој оствари убедлива победа над Ансу Фати од Барселона и Алфонсо Дејвис од Баерн.

Наградата „Златно момче“ традиционално се доделува од 2003 година во изборот на торинскиот „Тутоспорт“, а во изборот влегуваат сите играчи до 21 година.

Оваа сезона, Ерлинг Халанд постигна ист број на голови за „милионерите“ на 11 натпревари со три асистенции, додека тој правеше чуда во претходните сезони, па дури беше и во трка за „Златната топка“.

Првата sвезда на норвешката репрезентација постигна 44 погодоци со 10 асистенции на 40 натпревари.

Халанд освои 302 поени со гласовите на новинарите од престижните европски редакции, додека Фати освои 239 поени, а Дејвис 226.

За потсетување, наградата „Златно момче“, која датира од 2003 година, досега ја освоија: Ван дер Варт, Вејн Руни, Меси, Фабрегас, Агуеро, Андерсон, Пато, Балотли, Геце Иско, Погба, Стерлинг, Марсијал, Ренато Санчез, Мбапе, Де Лихт, Жоао Феликс и сега Холанд.

Слични содржини