Халанд: Мразам да играм против Вирџил ван Дајк

од Aleksandar Petrovski

Суперsвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, призна дека не сака да игра против централниот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Двајцата имаа можност да измерат сили во групната фаза во Лигата на шампионите есента кога европскиот шампион се соочи со поранешниот тим на Норвежанецот, Салцбург.

„Против кој одбранбен играч мразам да играм? Ван Дајк. Тој е толку добар. Тој е силен, брз, ги има сите квалитети што му се потребни. Тој е исклучителен играч“, изјави Халанд за „France Football“.

Скандинавецот не крие дека е многу среќен во Дортмунд: „Сакам да направам големи работи тука. Се чувствувам на свое место“.

Слични содржини