Хали Бери во провидно здолниште ја покажа својата тетоважа, откри од кога ја има (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Хали Бери позираше во топлес и провидно здолниште со необична тетоважа на задникот, која предизвика многу комплименти.

Имено, таа на својот Инстаграм често објавува фотографии на кои се фали со своето тело, а изданијата во топлес и се особено драги.

Овој пат и таа позираше без градник, но со грб свртена кон камерата, така што нешто друго беше во центарот на вниманието.

„Љубовта е секогаш одговорот“, напиша таа во описот на објавата во која носи провидно здолниште со боите на виножитото.

Имено, она што го привлече вниманието на нејзините следбеници беше тетоважата на нејзиниот задник, што се гледаше под провидното здолниште, па затоа ја бомбардираа со прашања во врска со тетоважата, а Хали одговори дека ја има веќе 30 години.

Слични содржини