Халили: Посетата на Фон дер Лејен е да се потсети јавноста дека ЕУ си стои на зборот – македонскиот јазик и официјално стана јазик на Унијата

од Destan Jonuzi

Проблемот кој стана актуелен последните две години се искомплицира уште повеќе последните пет месеци со основањето на разните здруженија со неприфатливи имиња на носители на фашистичка идеологија на бугарскиот етникум во Македонија и допрва ќе се искомплицира ако со реципрочен инает се интензивираат слични настани на Македонците во Бугарија, иако нашите здруженија во нивните називи не носат провокативни имиња туку имиња на литературни творци кои ги збогатуваат двете култури, вели поранешниот амбасадор Мухамед Халили, зборувајќи за наметнатите уставни измени за внесување на Бугарите во премабулата на Уставот и напредомкот на земјата кон ЕУ.

Коментирајќија изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски дека не треба да се брза со процесот на уставни измени, Халили вели дека изјавата на шефот на државата е во насока да спласнат непотребните страсти кај јавноста и проблемот да се реши со взаемно разбирање во двете страни.

– Од друга страна македонската јавност е се уште поделена на про и контра уставните измени. Аргументите на тие што се против измените во Уставот се дека тоа треба да биде на реципрочна основа или во крајна линија да има некаква европска гаранција дека овa ќе биде последна остапка кон бугарските барања. Аргументите на вториве се дека Македонија превземела обврска кон ЕУ да направи уставни измени со кои дел од преамбулата на Уставот ќе биде и бугарскиот етникум кој живее во земјата се со цел да започне втората (есенцијална) меѓувладина конференција и со тоа да започнат преговорите за главата 23 судство и фундаментални права, изјави Халили за „Локално“.

Мухамед Халили

Мухамед Халили

Коментирајќија постетатa на претседателката на Европската Комисија (ЕК), дипломатот Мухамед Халили потенцира дека ЕУ преку Урсула Фон дер Лeјен бара и исполнување на нашите превземени обврски-т.е измени во Уставот.

– Урсула Фон дер Лeјен не случајно дошла по втор пат сама да промовира економска поддршка за Македонија и да ја потсети јавноста дека ЕУ стои на дадениот збор дека тоа што е најболно кај македонската јавност е реализирано, т.е македонскиот јазики официјално стана јазик кој ќе се употребува во Унијата земајќи ги аргументите на противниците за употреба на јазикот со фусноти, итн. Исполнувајќи ги обрвските Унијата преку Фон дер Лeјен бараше и исполнување на нашите превземени обврски-т.е измени во Уставот. Изјавата на претседателот Пендаровски е од советодавен карактер бидеј’и тој нема ингеренции во внатрешната политика. Тоа не мора да значи да така и треба да биде. Тоа е работа на политичките партии претставени во законодавниот дом, нагласи Халили.

Тој се сложува со апелот на МНР и Бујар Османи, веројатно усогласен со премиерот, претседателот и спикерот дека треба политичките партии да усвојат ЕУ рамка за преговори со Унијата.

– Овој предлог треба да има одѕив и големо разбирање кај партиите затоа што доаѓа од раководител на еден сектор кој е најуспешен во имплементацијата на заедничката надворешна и безбедносна политика, како што е наведено во последниот извештај на Европската Унија за Република Северна МакедонијаЌ, изјави поранешниот амбасадор за „Локално“.

Д.Ј.

Слични содржини