Халили: „Отворен Балкан“ не е продуктивна работа

од Берта Китинска

Нормална работа е секоја земја да си ги гледа своите интереси и да ја гради својата политика, вели претседател на Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на Амбасадори, Мухамед Халили во „24 Анализа“ во врска со неприфаќањето на идејата за „Отворен Балкан“ од страна на косовскиот премиер Албин Курти.

-„Отворен Балкан“ не е добра работа и не е продуктивна работа. Таа е можност Вучиќ да се истакнува како предложувач на идејата и во сите домени на животот.Оваа идеја е повеќе за српски свет отколку југословенски свет, вели Халили.

Слични содржини