Халперин тврди: Курт Кобејн не изврши самоубиство, тој беше убиен

од Vladimir Zorba

Музичарот и фронтмен на гранџ-бендот „Нирвана“ Курт Кобејн не изврши самоубиство, туку беше убиен, изјави денеска филмскиот режисер и писател Иан Халперин, кој ја покани и вдовицата на Кобејн, Кортни Лав, да направи полиграфски тест и да ги отфрли сомнежите дека таа го убила.

Како што објави британскиот таблоид „Сан“, Халперин, во интервју за промовирање на својата нова книга „Case Closed: The Cobain Murder“, изјавил дека тестот со детектор за лаги ќе и помогне на Кортни Лав „да го расчисти своето име“ по речиси три децении сомневање на фановите на Нирвана и прашањето што навистина се случило.

„Пресудата треба да се смени од самоубиство во убиство. Сето ова се потпира на докази за форензичка патологија, нови докази што ги ископав. Не обвинувам никого за убиство, но ја предизвикувам Кортни конечно да направи полиграф. Ќе платам за да го исчистам нејзиното име. Ако го помине полиграфскиот тест, ќе изнајмам билборд на Тајмс Сквер и ќе напишам на него – „Кортни Лав е невина“, рече тој.

Слични содржини