Хамас најави МАСОВНО РАКЕТИРАЊЕ на израелски градови

од Stefanija Kuzmanovska

Бригадите Из ад-Дин ал Касам, вооруженото крило на палестинското движење Хамас, кое го контролира појасот Газа, најавија нов бран масовно ракетирање на израелски градови и воени бази како одговор на израелските напади, објави денес радио станицата Савт ал Акса .

Најавуваме почеток на ракетен одговор од големи размери на нападите врз нашиот народ во Газа минатата ноќ и континуираната агресија против Палестинците, се наведува во соопштението. Хамас соопшти дека нападнале израелски брод крај брегот на палестинските енклави.

Израелската команда го потврди нападот врз бродот, но изјави дека Палестинците ја промашиле целта. Бригадите Из ад Дин ал-Касам исто така соопштија дека ја гранатирале воздушната база Хацерим во јужен Израел.

Слични напади извршиле Сараја ал Кудс (Ерусалимски бригади), вооруженото крило на палестинската група Исламски џихад. Палестинците сега бомбардираат израелски градови во близина на појасот Газа.

Агенцијата наведува дека има извештаи дека во нападите има повредени и е причинета материјална штета.

Исто така, има извештаи дека врховниот командант на воената група Сараја ал-Кудс, Хусам Абу Харбид, одговорен за палестинските сили на отпор во северна Газа, е убиен во израелски воздушен напад врз енклавата.

Слични содржини