Хамас: Нема договор за прекин на огнот, разговорите се во тек

од Nikola Popovski

Високиот преставник на палестински Хамас, Изат ал-Ришк, синоќа го демантирал пишувањето на израелските медиуми за претстојниот прекин на огнот, кој, наводно, бил договорен за четврток, објави „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека Ерусалим не ја потврдил оваа информација.

– Не е точно она што го напишаа непријателските медиуми дека Хамас се согласил на прекин на огнот во четврток. Не е постигнат договор за времето на прекинување на конфликтот – рекол Ал-Ришк, член на тесното раководство на Хамас.

Во тек се напори за воспоставување на примирје, додал Ал-Ришк, а поборници се Обединетите нации, Египет, Катар и некои други земји.

– Напорите и контактите на медијаторите се сериозни и чести, но барањата на нашиот народ се јасни и добро познати – вели Ал-Ришк.

Претходно, некои израелски медиуми, како „Харец“, објавија дека е постигнат договор за прекин на огнот, меѓутоа, „Тајмс оф Израел“ цитираше извор близок на Египет, кој е активно вклучен како медијатор меѓу двете страни, според кој разговорите сè уште се во тек, но не е постигнат договор.

Слични содржини