Хамас ослободува 13 заложници киднапирани на 7 октомври

од Stefanija Kuzmanovska

Меѓу заложниците кои ги ослободува Хамас, 12 од 13 биле киднапирани од кибуцот Нир Оз, од кој на 7 октомври беа киднапирани вкупно 75 лица.

Автобус на Црвениот крст пристигнал во затворот Офер на Западниот Брег за да земе 39 палестински затвореници кои Израел ќе ги ослободи како дел од договорената размена на затвореници.

Американските граѓани не се очекува да бидат меѓу првата група заложници кои денеска ги ослободи Хамас. Американски официјален претставник изјави за Си-Ен-Ен дека се надева дека првите 50 ослободени ќе вклучуваат Американци.

Првото ослободување на заложниците од Газа е закажано за денеска во 15 часот (16 часот по локално време), кога се очекува да бидат ослободени 13 жени и деца, киднапирани од Хамас и однесени во Газа.

Претставниците на Црвениот крст пристигнаа со автобус во затворот Офер на Западниот Брег за да земат 39 палестински затвореници кои Израел ќе ги ослободи како дел од првата фаза од договорот за размена на затвореници со Хамас.

Сите затвореници биле донесени во Офер пред нивното очекувано ослободување.

Слични содржини