ХАМАС ТВРДИ: Прекин на огнот во петок!

од Nikola Popovski

Муса Абу Марзук, заменик-шеф на политичкото биро Хамас, синоќа соопштил дека очекува да биде постигнат договор за прекин на огнот во појасот Газа и Израел во рок од два дена.

„Мислам дека посредувањето за прекин на огнот ќе успее. Равенката беше јасна – ако тие го зголемија насилството, исто така и ние го зголемуваме. Ако пукаат кон кулите, така ќе правиме и ние кон Тел Авив. Ако застанат, ќе застанеме и ние“, рекол Марзук и додал:

„Отпорот на Хамас беше понуден заради настаните со џамијата Ал-Акса, Ерусалим и ослободувањето на цела Палестина“.

Тој истакнал дека примирјето ќе се однесува само на појасот Газа и дека постигнатиот договор нема да важи за Западниот брег, Ерусалим и палестинските територии во Израел.

Слични содржини