Хамилтон најбрз на првиот тренинг во Мексико, Леклер втор

од Vladimir Zorba

Фото: sportsnet.ca

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, имаше најдобро време на првиот слободен тренинг пред трката за големата награда на Мексико во Формула 1. Втор беше Шарл Леклер од Ферари, а трет Макс Ферстапен од Ред Бул. Помалку од една секунда зад Хамилтон заостанаа и Александар Албон, Валтери Ботас и Себастијан Фетел.

Хамилтон велеше дека Мерцедес не е фаворит во Мексико, но првиот тренинг покажа дека сепак „сребрените стрели“ ќе бидат конкурентни. Британецот може да ја освои титулата ако в недела освои 14 бода повеќе од клупскиот колега Ботас.

Вечерва се вози вториот слободен тренинг, утре се третата сесија и официјалните квалификации, а трката е в недела во 20.10 часот по средноевропско време. 

Слични содржини