Хамилтон позитивен на коронавирус, пропушта нова трка

од Stefanija Kuzmanovska

Возачот на Мерцедес и седумкратен шампион Луис Хамилтон е позитивен на коронавирус и нема да се натпреварува во трката за Големата награда на Сахир во Бахреин, објави Формула 1.

Како што е соопштено, Хамилтон е во изолација во согласност со протоколите, има лесни симптоми и се чувствува добро.

Британецот е третиот возач кој е позитивен на коронавирусот оваа сезона, откако пред него беа заразени Серхио Перез и Ленс Строл.

Според Мерцедес, Хамилтон бил тестиран трипати минатата недела и добил негативен резултат, но во понеделникот наутро, почувствувал поблаги симптоми и побарал тест, по што бил позитивен.

loading...

Слични содржини