Хамилтон: Уништен сум, луѓе умираат, а светските лидери се смеат

од Nikola Popovski

Луис Хамилтон, актуелниот шампион во Формула 1, објасни дека изгубил шест килограми за време на борбата против коронавирусот и дека се чувствува уништен.

Британскиот возач на почетокот на декември објави дека е позитивен на Ковид-19 и поради тоа мораше да ја пропушти трката во Бахреин.

„Изгубив шест килограми во последните два месеци, од кои четири откако добив коронавирус. Изгубив многу мускули. Сега почнувам од почеток, не сум среќен, ниту ми е забавно, но решен сум да се вратам во старата форма“, изјави седумкратниот шампион во Формула 1.

Да потсетиме, пред само седум дена, Британецот се пожали дека се чувствувал многу лошо бил заразен.

„Уништен сум. Не се чувствувам добро, но среќен сум и благодарен затоа што сум жив. Ковид не е шега, никогаш не помислив дека е. Знаев дека ќе стане тешко во одреден момент бидејќи има луѓе што умираат. Знаев дека е сериозно. Мислам дека е многу чудно што ги гледаме светски лидери како се смеат, како да не е ништо“.

Во 2020 година, Хамилтон достигна два големи рекорди на Михаел Шумахер. Сега и двајцата имаат по седум шампионски титули, но тој исто така го престигна Германецот по бројот на победи во Формула 1 (95 спрема 91).

 

Слични содржини